Ричард Гренел, кој е именуван на функцијата в.д. вршител на должноста директор за национално разузнавање од страна на претседателот Доналд Трамп, ќе ја задржи функцијата амбасадор на САД во Германија.
Ова за „Гласот на Америка“ го потврдува неименуван официјален претставник на американската администрација.
Засега е непознато дали дипломатот, во кого американскиот претседател има голема доверба, ќе продолжи да биде специјален пратеник за разговорите Белград-Приштина.
Трамп го назначи Гренел за в.д. директорот на националното разузнавање вчера, а Гренел треба да ја преземе должноста во март.