Лесото, едно од двете африкански држави во кои нема регистрирано ниту еден сличај на корона вирусот, ги продолжи мерките за сузбивање на пандемијата за уште две недели.
Премиерот на Лесото, Том Табане, соопшти дека мерката за ограничено движење, воведена на 30 март ќе биде продолжена до 5 мај, со цел да се заштитат 2,1 милиони жители на земјата.
Лесото нема сопствени капацитети за тестирање па испрати 24 примероци во Јужна Африка, земјата каде што се регистрирани најголем број на заболени од корона вирус на континентот – 3.465.