Свет 21. април 2018. / 13:17

И ставиле ремче и почнала да се гуши: Загина редок вид на мечка

И ставиле ремче и почнала да се гуши: Загина редок вид на мечка

Националниот парк во централна Италија ја истражува смртта на ретка кафеава мечка.

Биолозите од паркот го заробиле животното за да му стават радио ремче, со цел да можат да ги следат неговите движења. Но марсиканската мечка започнала да се бори за воздух и кратко потоа починала.

-Овој вид е во опасност од истребување. Останати се само 50 или помалку.- велат од светскиот фонд за заштита на природата.