Свет 17. декември 2020. / 15:15

И Шпанскиот премиер во изолација поради средбата со Макрон

И Шпанскиот премиер во изолација поради средбата со Макрон

Шпанскиот премиер Педро Санчез ќе биде во самоизолација до 24 декември откако беше објавено дека претседателот на Франција, Емануел Макрон е позитивен на Ковид-19.

Санчез и Макрон имаа средба во понеделникот во Париз, а денеска Елисејска палата соопшти дека Макрон е инфициран со новиот коронавирус.

Претседателот денеска е тестиран и е позитивен. ПЦР тестот беше направен откако пројави први симптоми, се наведува во соопштението од Елисејска палата.

Поради поитивниот тест на Макрон, речиси целиот француски државен врв е во изолација. Макрон ќе биде во самоизолација следните седум дена.