Свет 25. октомври 2018. / 14:11

И Роберт Де Ниро доби сомнителен пакет

И Роберт Де Ниро доби сомнителен пакет

Сомнителен пакет сличен на оној кој синоќа им беше испратен на СНН и на високи функционери од Демократската партија доби и ресторан од Њујорк кој е во сопственост на славниот актер Роберт Де Ниро.

НБЦ пренесе дека сомнителен пакет рано утринава пристигнал и во ресторанот „Трибека Грил“ на Де Ниро, во Њујорк.

Ако овој пакет е поврзан со импровизираните бомби кои беа испратени до Демократите, СНН деновиве, е осмата експлозивна направа која во последните неколку денови пристигнала на адреса на некој критичар на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Холивудскиот актер Роберт де Ниро во јавноста е познат како жесток критичар на претседателот Трамп.