Свет 29. октомври 2018. / 18:31

И поранешната прва придружничка на мис Тајланд е меѓу загинатите во Лестер

И поранешната прва придружничка на мис Тајланд е меѓу загинатите во Лестер

Англиските медиуми ги објавија имињата на загинатите во хеликоптерската несреќа која се случи по натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем во саботата. Меѓу жртвите е и првата придружничка на мис Тајланд од 2005 година, Нурсара Сукнамаи.

Урнатиот хеликоптер бил во сопственост на сопственикот на Лестер и петтиот најбогат Тајланѓанец, Вишаи Шривадханапрабха, а во несреќата покрај него, загинаа и неговите соработници Кавепорн Пунпаре, пилотот Ерик Свафер и копилотката Изабела Роза Лековиц, која инаку е и негова партнерка.

Според „Дејли Мејл“, Твитер и Инстаграм старлетата Нурсара често одела на патувања со Шривадханапрабха.

Хеликоптерот полетал веднаш по натпреварот и се урнал по полетувањето, откако пилотот изгубил контрола. Леталото паднало на паркинг близу стадионот.