Свет 23. јули 2018. / 13:39

И Помпео удри на Иран: Верските водачи се „лицемерни светци“

И Помпео удри на Иран: Верските водачи се „лицемерни светци“

Државниот секретар на САД Мајк Помпео ги нарече верските водачи на Иран „лицемерни светци“ кои акумулираа големо богатство додека нивниот народ пати.

„Понекогаш изгледа дека светот стана нечувствителен на авторитарниот ирански режим и неговите кампањи за насилство во светот, но гордиот ирански народ не молчи за владините репресии“, рекол Помпео во претседателската библиотека и музеј на Роналд Реган.

Тој истакна дека САД под водство на Трамп нема да молчи и „по повод 40 години тиранија“ упатил порака до народот на Иран дека САД „ги слуша, поддржува и дека е со нив“, пренесува АП, и потсеќа дека наскоро се ближи 40 годишнината од иранската исламска револуција и дека САД планира повторно да воведе економски санкции во таа земја.

Помпео го критикувал политичкото, правното и военото управување со Иран, обвинувајќи за корупција и додаде дека иранската влада „бездушно ги нарушува човековите права, достоинство и основните слободи на својот народ“.