Полска најверојатно ќе стане четврта земја од ЕУ , која ќе се повлече од Договорот со ОН за миграции . Најавата дека Полска се повлекува од Договорот за миграции со Обединетите нации ја соопшти премиерот Матеуш Моравјецки на прес конференцијата со канцеларката Ангела Меркел.
Од Договорот веќе се повлекоа Австрија , Унгарија, Чешка , како и САД. Полскиот премиер објаснил дека наспроти Договорот со ОН, суверената полска политика за азил и контролата на границите , сепак има преиритет.
На прес конференцијата Меркел и Моравјецки не стана збор за барањето на Полска од Германија за исплата на воени репарации за штетите во Втората светска војна .