Свет 29. април 2020. / 10:38

И покрај растот на новозаразени, Полска ќе ги отвори хотелите за летните одмори

И покрај растот на новозаразени, Полска ќе ги отвори хотелите за летните одмори

Владиниот портпарол, Пјотр Мјулер, изјави дека хотелите во Полска ќе бидат отворени за летните одмори иако продолжуваат да се зголемуваат новите случаи на заразени со корона вирус во државата.

Полската Влада денеска треба да ја објави одлуката за отворање на некои индустрии и услуги што беа затворени поради пандемијата.

Во Полска, традиционално летните одмори се од јули до август, но се уште не е јасно дали ќе биде така и оваа година. Владата веќе го продолжи затворањето на училиштата во земјата до 24 мај.

Во Полска досега има вкупно 12.218 позитивни случаи на корона вирус, од кои починати се 596 луѓе.