Свет 12. декември 2020. / 17:56

И покрај мировниот договор, Азербејџан повторно ги нападна Ерменците во Нагорно-Карабах

И покрај мировниот договор, Азербејџан повторно ги нападна Ерменците во Нагорно-Карабах

Иако Азербејџан и Ерменија потпишаа мировен договор со посредство и гаранции од Русија, а потоа и од Турција, во завојуваниот регион на Нагорно Карбах очигледно мирот е тешко одржлив.

Министерството за одбрана на Ерменија денеска објави дека азербејџанските сили ги обновиле воените дејствија во Нагорно Карабах.

– Азербејџанските сили ги продолжија борбените дејствија во правец кон населбите Стари Таглар и Хчеберд денес, на 12 декември, се вели во соопштението.

Се додава дека армијата Нагорно Карабах ги презела сите потребни чекори во врска со ова. Засега е непознато дали има жртви во борбите.

Исто така, азербејџанската страна досега не даде коментар за ова прашање.

Како што потсетуваат руските медиуми, овие две места во Нагорно Карабах се енклави во територијата која според договорот му припадна на Азарбејџан и единствени кои не се под контрола на азербејџанската армија.

Азербејџан и Ерменија, со посредство на Русија, постигнаа примирје на 10 ноември, а потоа сите борбени операции беа целосно запрени.

Во согласност со мировниот договор потпишан во Москва, покрај примирјето, беше договорена и размена на затвореници.