Свет 21. мај 2018. / 13:16

И Парагвај ја премести својата Амбасада во Израел во Ерусалим

И Парагвај ја премести својата Амбасада во Израел во Ерусалим

Парагвај денеска ја премести својата Амбасада во Израел од Тел Авив во Еруслам, со што стана трета земја што го презема овој чекор по САД и Гватемала.

На церемонијата на отворањето на Парагвајската амбасада во Ерусалим, меѓу останатите, присуствуваа и претседателот на Парагвај, Орасио Картес и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

САД минатиот понеделник ја преселија својата Амбасада во Ерусалим, а по нив тоа во средата го стори и Гватемала.

Преместувањето на Американската амбасада предизвика масовни протести на Палестинците на гранницата меѓу Појасот Газа и Израел. Во судирите меѓу демонстрантите и израелските сили за време на протестите загинаа речиси 60 лица, а околу 2.700 беа повредени