Свет 31. мај 2018. / 18:22

И оваа земја воведе забрана за облека која прекрива лице

И оваа земја воведе забрана за облека која прекрива лице

Данскиот парламент денеска го усвои законот кој предивдува забрана за носење на облека која го прекрива лицето, како муслиманските велови и бурки, со што се придружува до европските земји кои претходно спровеле ваква забрана.

Законот познат како „забрана за бурка“ го предложила десничарската коалиција, а усвоен е со 75 гласови „за“ и 30 „против“.

Како што соопштија од Владата закон не е усмерен кон ниту една религија и не ги брани марамите за глава, турбаните или традиционални еверејски капи.

Законот ќе стапи на сила на 1. август и неговот кршење ќе биде казнувано со 1.000 дански круни, осносно 156 долари.

Законот веќе го усвоија Австрија, Франција и Белгија.