Свет 20. декември 2020. / 14:59

И Белгија забрани летови од Велика Британија

И Белгија забрани летови од Велика Британија

Белгија и се придружи на Холандија во забраната на летови од Велика Британија, а исто така ги прекина и железничките врски во обид да спречи новата варијанта на коронавирусот, кој се прошири во јужна Англија, да стигне до Белгија.

Премиерот Александар де Кро денеска изјави дека наредбата ќе стапи во сила на полноќ „како мерка на претпазливост”.

– Постојат многу прашања во врска со оваа мутација, која можеби стигна до континентот. Се надевам дека ќе знаеме многу повеќе до вторник, рече Де Кро.

Холандија веќе забрани летови од Велика Британија најмалку до крајот на годината.