Свет 12. февруари 2020. / 22:52

Хуавеј го злоупотребил пристапот до мрежите наменети за полицијата

Хуавеј го злоупотребил пристапот до мрежите наменети за полицијата

Кинеската технолошка компанија Хуавеј користела системи наменети за полицијата за да пристапи до мобилните мрежи во повеќе земји, објави „Волстрит журнал“.

Повикувајќи се на неименувани американски претставници, весникот тврди дека таквата пракса траела повеќе од 10 години. Кинескиот гигант ги отфрли таквите тврдења.

Според „Волстрит журнал“ официјален Вашингтон за тоа ги известил Велика Британија и Германија кон крајот на 2019 година.

Во согласност со законот сите производители на мрежна опрема се обврзни да овозможат пристап до мрежите ако побараат. Додека операторите на мрежи го задржуваат првото да не дозволат пристап на производителите на опрема, но Хуавеј наводно го заобиколил тој процес и имал пристап до мрежите.

Според американските претставници само Хуавеј бил во можност да има пристап до мрежите.