Германија, Франција, Велика Британија и Холандија се највлијателни земји во ЕУ, додека Словенија и Хрватска се на крај, покажа истражувањето на Европскиот совет за надворешни односи и Фондацијата „Штифтунг Меркатор“.
Словенија и Хрватска се на 25 место кога е во прашање нивното влијание во блокот, каде позицијата ја делат со Бугарија и со Малта.
Иста позиција делат овие две земји и кога станува збор за влијанието на политиката на ЕУ, појажа истражувањето под наслов”EU coalition explorer”.
Истражувањето покажа дела Германија е најдобар партнер за донесување политички одлуки, а следат Франција и Италија.
Европскиот совет за надворешни односи го направи извештајот врз основа на прашања кои се поставени на 877 стручњаци од сите држави членки на ЕУ, активни во политиката на ЕУ, а станува збор за стручњаци од медиумите, владите на земјите или институти.
Иако Словенија е меѓу земјите со најмало влијание во ЕУ, добро котира кога е во прашање залагањето за подлабоки интеграции на ЕУ, каде го зазема 14 место.
Кога станува збор за приоритетите, истражувањето покажа дека Словенија е најатрактивна во заедничката политика за азил, единствената фискална политика, единствениот пазар и единственото надгледување на еврозоната.
Истражувањето покажа и дека Унгарија е земја која најмногу разочарува, додека Словенија е најде на 16 место, како една од земјите кои најмалку разочарале во минатите две години, пренесоа словенечките медиуми.