Свет 08. септември 2019. / 17:21

Хрватката Шуица ќе го наследи Хан

Хрватката Шуица ќе го наследи Хан

Хрватската европарламентарка, Дубравка Шуица од редовите на ЕПП најверојатно ќе биде предложена за комесар за проширување во Комисијата предводена од Урсула фон дер Лајен, објави „Јуропиан вестерн Балкан“, повикувајќи се на извори од Брисел.

Шуица беше номинирана од хрватската Влада во август за еден од 27 еврокомесари на Унијата, а Фон дер Лајен се очекува во вторник да ги соопшти имињата на номинираните. Доколку бидат одобрени од Европскиот Парламент, новите еврокомесари својот мандат ќе го започнат на 1 ноември.

Инаку, Шуица е член на Хрватската Демократска Заедница (ХДЗ) од 1990 година, а од 2001 година до 2009 година беше градоначалник на Дубровник. Таа е член на Европарламентот од 2013 година додека во 2019 година е избрана и за потпретседател на Европската народна партија (ЕПП).

Таа се залага за зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ и на тој пат посебно ја поддржува БиХ. Во неколку наврати порача дека е нереално да се очекува Србија да стане членка на ЕУ до 2025 година.

Во текот на летото, европските медиуми информираа дека и Словенија и Унгарија се заинтересирани за ресорот проширување и соседска политика што досега го имаше Јоханес Хан.