Свет

Хоророт во Јапонија сеуште трае: Околу 200 загинати во поплавите (ФОТО)

Хоророт во Јапонија сеуште трае: Околу 200 загинати во поплавите (ФОТО)

Речиси 200 луѓе загинаа во поплави и лизгања на земјиштето, по обилните дождови во западните делови на Јапонија, а се стравува дека високите температури и недостатокот на вода може да предизвика и ширење на болести.

Ова е најголема временска непогода која се случила во Јапонија во последните 36 години.

Повеќе од 200.000 домаќинства останаа без вода недела дена, по обилните дождови.

Јапонската влада соопштила дека загинати се 195 лица, а 10 се водат како исчезнати.

Температурите кој го надминаа 30. Целзиусов степен и високата влажност на воздухот, влијаат негативно врз луѓето кои се сместени во школските сали и центрите за евакуација.

Со оглед на ограничените количини на вода, многу луѓе не внесуваат доволно течност, па се подложни на топлотен удар, пренесува Ројтерс.

Луѓето исто така избегнуваат да ја користат водата која се користи за миење на рацете, бидејќи страхуваат од епидемија.

„Без вода ништо не можеме да исчистиме, ништо не можеме да испереме“, рекол еден евакуиран граѓанин за јапонските медиуми.

Владата испратила цистерни со вода во погодените подрачја, но залихите и понатаму се ограничени.

Повеќе од 70.000 војници, полицајци и пожарникари се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите. Во многу области куќите се затрупани со кал, кој се зацврстува поради топлото време, па потрагата се отежнува.