Свет 08. август 2018. / 12:25

Хорор во Ново Мексико: Останки на дете се најдени во пустината (ВИДЕО)

Хорор во Ново Мексико: Останки на дете се најдени во пустината (ВИДЕО)

Останките на машко дете беа најдени во зафрлен пустински предел на Ново Мексико, соопшти локалната полиција.

Веста беше ссоопштена еден ден откако полицијата спаси 11 деца на истото место. Децата живееле „во услови на земја од Третиот свет, биле изгладнети и болни.“

Рацијата во импровизираното живеалиште беше изведена како дел од потрагата по исчезнатото четиригодишно дете Абдул-Гани Вахаџ. Уапсен е таткото на детето, Сираџ Вахаџ.

Најдените останки уште не се идентификувани.

Вахаџ беше уапсен со уште еден маж, Лукас Мортон, и двајцата се товарат за малтретирање и злоупотреба на деца.

Уапсени се и три жени, идентификувани како Џени Левил и Субхана Вахаџ, 35-годишни, и Хуџра Вахаџ (38).

Единаесетте деца на возраст од 1 до 15 години се ставени под заштита на локалните социјални служби.

Останките беа најдени на четвртиот роденден на Абдул-Гани.

Според судските документи, Вахаџ ѝ кажал на мајката на детето дека планира да му прави „егзорцизам“.

Момчето имало сериозни здравствени проблеми, но таткото верувал дека е опседнато од ѓаволот.

Импровизираното живеалиште било направено на имотот на Џејсон Беџер кој неколку пати поднесувал жалби до локалните власти да ја отстранат групата од неговото земјиште.

Полицијата спроведе рација во живеалиштето откако доби анонимна порака, најверојатно од некој од внатре, со содржина „Прегладнети сме, ни треба храна и вода“.

Во моментот на апсењето, Вахаџ бил вооружен со неколку огнени оружја, вклучувајќи полна полуавтоматска пушка AR-15.