Свет 28. јуни 2018. / 11:24

Хорор во Кина: Монструм убил деца во основно училиште

Хорор во Кина: Монструм убил деца во основно училиште

Вооружен маж со нож убил две деца, на влез во зграда од основно училиште во Шангај, Кина.

Во соопштението од полицијата се наведува дека 29-годишниот маж со нож нападнал тројца ученици и еден родител во училиште, во шангајскиот округ Сухуји.

Жртвите на нападот веднаш биле префрлени во болница, а двајца ученици им подлегнале на повредите, додека третиот ученик и родителот не се во животна опасност.

Мажот го извршил нападот поради бес кон општеството, бидејќи не бил вработен.