Седумгодишното момче се враќало од училиште, кога околу 12,45 часот било нападнато со нож. Детето, цело во крв го нашла на тротоарот неговата учителка, која минувала со велосипед и повикала итна помош. Детето починало во болницата само неколку часа по приемот.
Подоцна во полицијата се пријавила 75 годишна жена, која рекла дека таа го нападнала момчето со нож.
Полицијата од Базел, град на северот на Швајцарија, утврдува кои биле мотивите на старицата за да го убие детето и дали е во роднинска врска со него.