Свет 11. јуни 2018. / 12:43

Хонгконг: Тројца демократски активисти добија казна затвор за предизвикување немири

Хонгконг: Тројца демократски активисти добија казна затвор за предизвикување немири

Тројца бунтовници од Хонгконг, членови на радикалната младинска опозиција, беа затворени денеска, за учество во насилни немири, добивајќи ги најтешките казни изречени за демократски активисти, откако градот се врати под кинеска власт во 1997 година, пренесе Ројтерс.

Едвард Леуниг, 27, еден од лидерите на движењето, застапувајќи ставови за независност на Хонгконг од Кина, беше затворен на шест години за немири и напади врз полицијата во протестите во 2016 година кои завршија со крваво. Тој е осуден за немири и ја призна вината за напад врз полицаец.

Двајцата други активисти, Ло Кин-ман и Вонг Ка-куи, се затворени на 7 и 3.5 години, исто така за немири.

Околу 130 луѓе, повеќето полицајци, беа повредени кога маскирани протестанти фрлаа цигли и палеа контејнери, во знак на протест поради наводно загрозување на правата и слободите на градот од страна на Кина. Владата брзо го означи овој протест како немир.