Свет 17. март 2020. / 11:54

Хонгконг со електронски нараквици ги контролира луѓето во самоизолација

Хонгконг со електронски нараквици ги контролира луѓето во самоизолација

Хонгконг има посебен метод за надзор на лицата што се во карантин поради коронавирусот.

Си-Ен-Ен извести дека кога Деклан Чан, стилист од Хонгконг, слетал во земјата минатата недела, тој на влезот добил електрична нараквица која ќе го следи неговото движење во текот на 14-те дена задолжителна изолација.

Тоа е последната мерка за превенција во Хонгконг која има голем број на увезени случаи на коронавирус.

Владата на Хонгконг најави нови ограничувања во движењето со кои ќе се бара од сите коишто ќе влезат во земјата од странство да одат во 14-дневна изолација.

Нараквицата е поврзана со апликација што презема на мобилен телефон и ја известува владата за локацијата на лицето коешто е во изолација.

Чан рекол додека ја преземал апликацијата и дека морал да шета низ куќата за да ја мапира областа во која може да се пресели.