Свет 25. јануари 2020. / 20:28

Хонгконг прогласи вонредна состојба поради корона вирус

Хонгконг прогласи вонредна состојба поради корона вирус

Главниот администратор на Хонг Конг, Кери Лам, објави вонредна состојба и мерки за ограничување на врските на градот со континентална Кина поради новиот коронавирус.

Училиштата, кои сега се на одмор за Лунарната нова година, ќе останат затворени до 17 февруари. Летовите до и од Вухан, каде започна инфекцијата, ќе бидат стопирани, како и движењето на брзите возови.

– Итно се прекинуваат сите официјални посети до континенталниот дел од Кина како и официјалните честувања на Лунарната нова година – изјави Лам.

Во Хонгконг има пет случаи на заболени од коронавирус потврдени од локалните здравствени власти. Други 122 лица се лекуваат од сомнителна инфекција.