Свет 04. јуни 2020. / 20:55

Хонг Конг усвои закон со кој се казнува непочитувањето на кинеската химна

Хонг Конг усвои закон со кој се казнува непочитувањето на кинеската химна

Парламентот на Хонг Конг денеска го усвои спорниот предлог-закон со кој се забранува навредување на кинеската химна.

Законот е усвоен и покрај обидите на продемократската опозиција да се оневозможи гласањето.

За опозицијата со Законот се нарушува слободата на изразување и  правата на жителите на полуавтономната област.

Додека прокинеското мнозинство тврди дека Законот е неопходен за граѓаните на Хонг Конг да покажат поголема почит кон химната на Кина.

Законот предвидува тие што ќе ја користат химната во комерцијални цели или јавно и намерно ја навредуваат, парична казна од 6.450 американски долари или затвор до три години.