Свет 06. јуни 2019. / 17:38

Хомосексуалец стана министер за правда во Израел

Хомосексуалец стана министер за правда во Израел

Израел го доби својот прв министер кој отворено призна дека е хомосексуалец, јави Би-би-си.Премиерот Бенјамин Нетанјаху го именуваше Амир Охана (43) за вршител на должноста министер за правда. Охана инаку е член на партијата Ликуд, на која ѝ припаѓа и премиерот, и го поддржа контроверзниот нацрт-закон според кој не може законски да се гони актуелниот премиер. Имено, Нетанјаху е под истрага за наводен поткуп и измама и наскоро против него би можело да биде подигнато обвинение.

Амир Охана е активист кој се бори за правата на хомосексуалците и го поддржува правото на истополови бракови, кој како таков не постои во Израел и се признава само ако е склучен надвор од државата. Иако активистите се кочени од силната ортодоксна еврејска заедница во Израел, тие сепак во државата уживаат некои законски права.

Охана е само еден од повеќето декларирани геј претставници во израелскиот парламент, а минатата година во градот во близина на Тел Авив е избран првиот геј градоначалник. Именувањето на Охана на местото вршител на должноста министер за правда следеше само неколку дена откако е распуштен парламентот воочи подготовките за следните избори.