107-годишна Холанѓанка се опоравила од коронавирус и најверојатно ќе стане најстарата личност на светот што имала Ковид-19. Корнелија Рас се разболела на 17 март, еден ден по нејзиниот 107 роденден, објави холандскиот весник АД, откако била на миса во црква со другите станари на старечкиот дом Горе-Оверфлејк, остров во југозападниот дел на земјата.
Таа и 40 други парохијани кои присуствувале на мисата подоцна се дијагностицирани со вирусот.
Во меѓувреме, дванаесет лица од групата починале, но лекарите во понеделникот и рекле на Рас дека таа ја победила инфекцијата.
Не очекувавме дека ќе преживее, изјави нејзината внука Маик де Грот за весникот.
Таа не зема лекови, сеуште оди добро, и клекнува секоја вечер да му се заблагодари на Господ. Како што стојат работите, се чини дека таа ќе продолжи да го прави тоа, рече таа.
Пред Корнелија Рас, најстариот забележан преживеан од коронавирус бил 104-годишниот Американец Бил Лапшис. Холандија денеска потврди уште 148 смртни случаи од коронавирус, а сега има вкупно 2.396. Заразени се околу 21.000 лица.