Свет 04. мај 2020. / 21:55

Холанѓаните откриле антитело кое спречува корона вирусот да инфицира човечки клетки

Холанѓаните откриле антитело кое спречува корона вирусот да инфицира човечки клетки

Научниците од Утрехт, Холандија откриле „моноклонално“ антитело. Овој наод е одличен затоа што е откриено дека под контролирани лабораториски услови, антителото го спречува новиот корона вирус да инфицира човечки клетки.

Студијата беше објавена во научното списание „Nature Communications“ и треба да се напомене дека таа е во рана фаза, кога ќе започне со тестирање врз животни и луѓе. Ова истражување е многу охрабрувачко бидејќи може да спречи или да третира нов вид на корона вирус и слични болести во иднина.

Експертите генерално се согласуваат дека новиот корона вирус нема да биде контролиран сè додека не се добие лек или вакцина. Најоптимистични засега се предвидувањата на научниците од Оксфорд, кои се надеваат дека новата вакцина ќе се појави на пазарот до октомври, базирајќи се на резултати од тестовите што ги имаат во моментов.

Досега, според Worldometers, во светот има 3.620.522 случаи на корона вирус, починале 250.789 лица, а оздравени се 1.178.989 лица.