Свет 12. ноември 2019. / 13:51

Холандската влада е против прифаќање деца и жени од Сирија

Холандската влада е против прифаќање деца и жени од Сирија

Властите во Холандија соопштија дека ќе поднесат жалба на судската одлука што им наложува земјата да прифати неколку десетици деца и жени, кои се придружиле на џихадистичката група Исламска држава во Сирија.

Судот во Хаг вчера соопшти дека Владата мора активно да помогне за враќање на 56 деца кои живеат во лоши услови во сириските кампови.

Холандските министерства за надворешни работи и за правда соопштија дека ќе настојуваат да се смени судската одлука, за која сметаат дека ги нема земено предвид дипломатските разгледувања.