Нејзината објава на социјалните мрежи беше брзо отстранета, а полицијата призна дека била информирана за силувањето, но пратеничката не ги пријавила сторителите. Откако Дил наскоро беше пронајдена мртва, тоа предизвика жестока реакција на дел од јавноста и сомневање во работата на холандските власти и полицијата.
Два дена пред да се убие, Дил емитуваше видео во кое изјавува дека била силувана од мигранти, и дека случајот бил заташкан од страна на полицијата и владејачката партија. Набргу по реагирањето, видеото беше избришано и настанот се прикрива, велат порталите.
Вили Дил беше членка на Партијата на слободата и се залагаше за спречување на илегалната миграција.