Свет 06. февруари 2021. / 22:30

Холандија се подготвува за снежна бура каква што не е видена 9 години

Холандија се подготвува за снежна бура каква што не е видена 9 години

Во Холандија за вечерва и утре најавени се големи врнежи од снег и ветер, поради што властите издадоа црвен метеоролошки аларм за целата земја, прв од ваков вид во последните девет години.

Сите центри за тестирање на корона вирус ќе бидат затворени, соопштија здравствените власти.

Железничкиот сообраќај ќе биде сведен на минимум. Аеродромот Шипол предупреди дека може да има одложувања на летовите. Големите супермаркети ја откажаа испораката на храна.

Сите професионални фудбалски натпревари закажани за утре исто така се откажани, а Градскиот совет на Амстердам одлучи да ги затвори сите канали.

Во Холандија веќе се на сила мерките за „заклучување“ поради вирусот корона, каде продавници, ресторани, барови и други јавни места не работат со недели.