Свет 08. февруари 2021. / 17:18

Холандија го прекина посвојувањето деца од странство: Се купувале и краделе деца од биолошките родители

Холандија го прекина посвојувањето деца од странство: Се купувале и краделе деца од биолошките родители

Холандската Влада одлучи да ги прекине сите посвојувања на деца од странство, откако официјална истрага откри дека голем број деца биле незаконски посвоени.

Истрагата се фокусираше на посвојување деца од Бангладеш, Бразил, Колумбија, Индонезија и Шри Ланка во периодот од 1967 до 1998 година, пренесува Би-Би-Си.

Холандскиот министер за човекови права Сандер Декер изјави дека Владата не интервенирала со години, односно дека службениците биле свесни дека нешто неправилно се случува, а многумина биле лично вклучени во посвојувањата.

Истрагата утврдила дека децата од тие земји главно биле купувани или крадени од нивните биолошки родители и оти истрагата немало да се случи доколку голем број на посвоени деца не поднеле барања да ги испитаат своите корени и да најдат вистинските родители.

При тоа било утврдено дека нивните документи се или изгубени или фалсификувани, и дека нивното посвојување е незаконско.

Во последните 50 години, холандски родители посвоиле околу 40.000 деца од 80 земји, а таа практика се намали претходните години, така што во 2019 година, од странство биле посвоени 145 деца.