Свет 26. јуни 2018. / 19:46

Холандија ги забрани бурките во јавните институции

Холандија ги забрани бурките во јавните институции

Горниот дом на холандскиот парламент денеска усвои закон со кој се забранува носење бурки кои го покриваат лицето во јавните институции како училишта, владини канцеларии и болници.

Агенциите потсетуваат дека долниот дом на холандскиот парламент го усвои овој закон во 2016 година, по обидот за воведување на сеопфатна забрана на бурки и други велови кои го покриваат лицето.