Холандија ја достави до ЕУ Резолуцијата за враќање на визите за Албанија.
Оваа земја до Европската комисија денеска и официјално ја достави Резолуцијата усвоена во холандскиот Парламент, со која се бара враќање на визниот режим за патување на албанските граѓани во земјите на ЕУ.
-Укинувањето на безвизниот режим за албанските граѓани е неопходно поради видното зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија. Овие криминални организации ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и ја шират мрежата за криумчарење, се наведува во Резолуцијата.
Во Амстердам Парламентот ја усвои резолуцијата на 16 минатиот месец на барање на група пратеници.