Свет 06. август 2018. / 10:24

Хирошима денеска одбележува 73 години од атомското бомбардирање

Хирошима денеска одбележува 73 години од атомското бомбардирање

Јапонските власти повикаа на итна елиминација на нуклеарното оружје, и тоа во време кога светот се надева на целосна денуклеаризација на Северна Кореја.

Хирошима стана првиот град во историјата уништен од атомска бомба.

На шести август 1945 година, брзо по завршувањето на Втората светска војна, Соединетите Американски Држави ја фрлија првата атомска бомба токму врз овој јапонски град

Пред 73 години во Хирошима животот го загубија околу 140 илјади жители.