Свет 05. март 2019. / 10:22

Хилари Клинтон нема да се кандидира за претседател на САД

Хилари Клинтон нема да се кандидира за претседател на САД

Поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон изјави дека нема да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година, јави Си-Ен-Ен.

Со тоа таа стави крај на шпекулациите дека ќе учествува во претседателската трка во 2020 година.

Клинтон додаде дека планира да продолжи да работи и да ги брани своите убедувања и потенцираше дека ужива во животот на писателка, активистка и баба.

Таа одби да посочи кандидат од Демократска партија кого би поддржала.