Поранешната кандидатка за американски претседател од Демократската партија, Хилари Клинтон, не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД.
Поранешната државна секретарка и претседателски кандидат на претходните избори во САД во 2016 година, изјави дека се наоѓа под голем притисок да го предизвика Доналд Трамп на претседателските избори следната година.
– Никогаш не вели никогаш – изјави Клинтон за Би-Би-Си.
Клинтон додаде дека цело време размислувала за тоа каква претседателка би била да го победеше Трамп пред три години.
-Цело време размислувам каква претседателка ќе бев и што ќе направев поинаку и што тоа ќе значеше за нашата земја и светот. Кој и да победи на следните избори ќе има голема задача, ќе мора да исправи се што е уништено – изјави 72-годишната поранешна сенаторка од Њујорк.