Повеќе од 257 милиони луѓе ширум светот се заразени со хепатитис Б, а 71 милион живеат со хронична хепатитис Ц инфекција, додека 4,5 милиони луѓе ќе умрат од оваа болест без потребен третман до 2030 година, рече директорот на оделот за истражување на Хепатитис Б и Ц во Светската здравствена организација (СЗО) – Марк Балтреис.
–Ние не веруваме дека ќе има пад на бројот на заболени. Го очекуваме ова (во 2019 година – н.з.). Ќе има околу 250-257 милиони луѓе со хепатитис Б. За хепатитис Ц, гледаме мало намалување, но тоа се 71 милион луѓе – рече тој.
Според СЗО, хепатитисот е „тивок убиец“, бидејќи официјално е дијагностициран само околу секој десетти човек од 257 милиони луѓе кои живеат со хепатитис. Покрај тоа, од 71 милион луѓе со хроничен хепатитис Ц, само една петтина официјално се дијагностицирани.
Третман за оваа болест примаат само 2 милиони луѓе годишно.
Доколку 6 милијарди долари годишно не се инвестираат во борбата против болеста, до 2030 година, 4.5 милиони луѓе ќе умрат од различни видови на хепатитис.
СЗО забележува дека и покрај програмите за лекување, бројот на лица заболени од хепатитис во светот не се намалува доволно брзо. Ова се должи на растот на нови епидемии на болести и ниски нивоа на здравствена заштита.
Во исто време, значителен напредок е постигнат во третманот на хепатитис во голем број земји. На пример, медицинскиот туризам во оваа област добива интензитет во Египет.
Според проценките на СЗО, Пакистан моментално е на прво место во однос на хепатитис, каде што се инфицирани повеќе од 10 милиони луѓе. Втора е Кина, по што следи Египет. Четврти се САД и Руската Федерација, со околу 3 милиони луѓе заразени во секоја земја.