Крајбрежната стража на Хаваите бара хеликоптер со седум лица, кој не се врати од обиколката на брегот на Напал.
Компанијата во чија сопственост е хеликоптерот ги известила властите за исчезнувањето откако хеликоптерот не се вратил од обиколката, јави „Си-ен-ен“.
Во хеликоптерот се наоѓале пилот и шест патници, од кои двајца се малолетни.
Иако на хеликоптерот има електронски уред за следење, не се забележани сигнали. Од крајбрежната стража соопштија дека потрагата е отежната поради временските услови, односно слабата видливост и силниот ветер.