Крајбрежната стража на САД трага по хеликоптер со кој се превезувале седум лица, a исчезнал во близина на брегот на Хаваи при „екстремни“ метеоролошки услови.
Крајбрежната стража на САД е алармирана откако хеликоптерот не се вратил од туристичкото разгледување
Хеликоптерот има електронски локатор, но до сега не емитувал сигнали.
Во леталото имало шест патници, од кои две малолетни лица и пилотот. За време на летот имало мала видливост и силни ветрови.