Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, е примен во болница откако на тест бил позитивен на корона вирусот, изјавиле извори за Ројтерс.
Соговорниците на агенцијата додале дека неговата здравствена состојба се поправа, но дека од предострожност и натаму е под лекарски надзор.
Претходно во петокот дневниот шпански весник „ABC“ прв објави дека Солана во средата бил хоспитализиран во Мадрид поради корона вирусот.
Солана политичката кариера ја започна во 1992 година кога до 1995 година беше шпански министер за надворешни работи во владата на Фелипе Гонзалес, а потоа следува пресврт во неговите политички ставовит.
Седумдесет и седумгодишниот Хавиер Солана од 1995 до 1999 година ја извршуваше должноста генерален секретар на НАТО, иако како социјалист претходно се изјаснуваше притив северноатлантската воена алијанса. Од 1999 година до 2009 година беше Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, кога често преостојуваше во Македонија поради вооружениот конфликт во 2001 година.