САД минуваат низ еден од најлошите периоди во својата историја, изјави за иранската новинска агенција „Фарс“ претседателот на земјата, Хасан Рохани.
„Денес има малку истражувачи, интелектуалци и експерти во САД кои ги делат истите мислења како оние во Белата куќа, а некои од нив дури и експлицитно ги нарекуваат [американските политичари] идиоти. Ова ретко се случува во историјата на САД”, изјави Рохани.
Тој се осврна и на силните сојузници на Вашингтон и на традиционалните партнери кои сега гордо се дистанцираат од САД.
„САД денес се наоѓаат во најлоша ситуација на глобално ниво, па дури и меѓународните организации како УНЕСКО, ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија и Меѓународниот кривичен суд не ја одобруваат американската политика”, истакна Рухани.
Зборувајќи за зголемениот притисок од Белата куќа врз Техеран по повлекувањето на Вашингтон од нуклеарната спогодба од 2015 година, Рухани истакна дека Техеран во моментот се соочува со несакана економска војна и контактира со оние кои претпочитаат да ги игнорираат меѓународните норми.
На крајот од минатиот месец, Рухани вети дека Техеран ќе ги надмине економските предизвици и ќе им покаже на антииранскитефункционери во Белата куќа дека политиката на санкции на Вашингтон на крај ќе пропадне. Иранскиот претседател истакна дека САД се повеќе изолирани од кога поради санкциите, додавајќи дека нелегалните активности на Америка ја изолираа меѓу сојузниците.
На 8 мај, американскиот претседател Доналд Трамп ја објави одлуката да ја напушти нуллеарниот договор со Иран и повторно да ги наметне санкциите против Техеран и секоја држава или компанија која работи со Исламската Република. Првата фаза од економските ограничувања, која вклучува забрана за купување американска валута, тргување со злато и други благородни метали, како и купување алуминиум и челик за индустриски цели, стапи на сила на 5 август. Вториот дел, кој вклучува санкции за иранската пристаништа, енергетскиот сектор и странските трансакции, треба да се воведе на почетокот на ноември.