Свет 28. ноември 2018. / 22:23

Хаос во Барселона: Стотици пожарникари и медицинари упаднаа во парламентот

Хаос во Барселона: Стотици пожарникари и медицинари упаднаа во парламентот

Повеќе стотици пожарникари и вработени во здравството се обиде да упадне во каталонскиот парламетн во Барселона со барање за подобри услови за работа.

Демонстраните се собрале кај главниот влез во парламентот, но полицијата успеа да ги спречи да влезат во зградата.

Медицинските работиници, облечени во бели мантили, носеле транспаренти со натпис „помалку зборување, повеќе средства“, додека пожарникарите во заштитни униформи со кафеава боја, кои носеле жолти шлемови, запалиле сигнални ракети.

Синдикатот на примарните здравствени работници на североистокот на шпанската покраина повика на штрајк идната недела, кој треба да трае од понеделник до петок.

Синдикатот на пожарникарите УГТ ги повика своите членови да протестираат, откако не успеаја да постигнат договор со властите околу платите и работното време, потсетува Ројтерс.