Свет 23. септември 2019. / 11:38

Хаос на аеродромот во Манчестер: Уапсено едно лице за сомнителен пакет

Хаос на аеродромот во Манчестер: Уапсено едно лице за сомнителен пакет

Сомнителен пакет бил забележан на аеродромот во Манчестер, поради што биле ангажирани членови на екипа за отстранување на бомби, соопшти полицијата, додавајќи дека еден човек е уапсен.

Полицијата обезбедила дел од аеродромот каде што бил забележан сомнителниот пакет.

Од полицијата исто така соопштија дека е запрен сообраќајот на трамваите, возовите и автобусите што одат до самиот аеродром, пренесе „Ројтерс“.