Свет 06. ноември 2018. / 11:15

Хан: Подобро е Турција да ги прекине преговорите за члнество со ЕУ

Хан: Подобро е Турција да ги прекине преговорите за члнество со ЕУ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју со германскиот весник „Ди Велт“ изјави дека би било почесно да им се стави крај на преговорите за членство помеѓу ЕУ и Турција и двете страни да се фокусираат на она што е изводливо.

Сметам дека на долг рок би било почесно за ЕУ и Турција да тргнат по нов пат и да ги прекинат преговорите за членство. Но, одлуката, се разбира, им припаѓа на земјите членки. Членството на Турција во ЕУ не е реалистично во догледна иднина, кога ги гледам изјавите на францускиот претседателт Емануел Макрон, и расположените на луѓето во многу земји членки – истакна Хан.

Притоа, додаде Хан, држењето до пристапните преговори оневозможува изнаоѓање друг вид на стратешко партнерство помеѓу двете страни, и покрај тоа што Турција сѐ повеќе се оддалечува од стандардите на ЕУ.

Хан оценува дека дијалогот со Анкара треба да продолжи и тој ќе отпатува таму во средината на ноември.

Според Хан, Брисел и Анкара треба да се фокусираат на изводливи и стратешки теми.

На пример во областа на енергијата, борбата против тероризмот, миграцијата, меѓународната соработка за реконструкција на Сирија и трговските односи. Проширувањето на царинската унија е конкретен проект кој би им донел бенефит на сите. Треба наскоро да го отвориме прашањето за царинската унија, истакна Хан.