Проширувањето на Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската унија (ЕУ), а секоја држава ќе се третира одделно, според постигнувањата, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан од Виена.
По средбата со лидерите на Западен Балкан, Хан рече дека не е реален истовремен влез во ЕУ на земјите од Западен Балкан, но и дека сите шест земји имаат европска перспектива.
Во Виена се одржа официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Курц на прес-конференција изјави дека, до крајот на претседавањето со ЕУ Австрија, кога станува збор за прашањето за земјите од Западен Балкан, фокусот го става на има три точки или, патот на регионот кон ЕУ, неопходната регионална соработка и решавање на билатералните конфликти во регионот.
На состанокот стана збор за европската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и за билатералните конфликти.