Идниот еврокомесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, побара додатни пари за трошоците на земјите членки на ЕУ.
Идниот еврокомесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за членките. Но во неговата матична земја, Австрија, Народната партија на поранешниот премиер Себастијан Курц (ОВП), од која доаѓа, не сака да плаќа повеќе во буџетот на Унијата.
–Постојат одредени задачи што мора да ги исполниме , а тука се и желбите на членките. Фокусот е на заштита на надворешната граница и изградба на ефективна агенција за заштита на границата од околу 10 000 луѓе. Не може тоа да се направи без пари – рече Хан во интервју за виенскиот весник „Остерајх”.