Твитер профилот на извршниот директор на компанијата, Џек Дорси беше хакиран и од него биле испратени расистички и вулгарни пораки кон неговите следбеници.
Дорси има околу 4,2 милиони следбеници на социјалната мрежа и кон нив биле пуштени непристојни пораки, меѓу кои и „Хитлер е невин“. Пораките биле видливи околу 30 минути, по што „Твитер“ ги отстранил, пренесе „АП“.
Компанијата соопшти дека се истражува случајот.