Свет 22. јануари 2020. / 13:15

Хакиран сопственикот на „Вашингтон пост“ пред убиството на нивниот дописник, Џамал Кашоги

Хакиран сопственикот на „Вашингтон пост“ пред убиството на нивниот дописник, Џамал Кашоги
Џеф Безос и Мохамед бин Салман

Пет месеци пред убиството на саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во 2018 година, телефонскиот број на сопственикот на весникот, Џеф Безос, бил хакиран.

Според пишувањето на „Гардијан“, телефонот на Безос, познат како сопственик на компанијата „Амазон“, бил хакиран откако добил порака преку „ВатсАп“, испратена од личниот број на принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.

Според резултатите од форензичката анализа, пораката била шифрирана и содржела заразени податоци.

Безос разменувал пријателска преписка со саудискиот принц, сè додека на телефонот не му стигнала датотека што не ја побарал принцот, дознава „Гардијан“.

Од телефонот на Безос за неколку часа била преземени голема количина на податоци, но не се знае какви податоци биле преземени.

Како што пишува „Гардијан“, можното хакирање на телефонот на Безос, ќе биде разгледано и од Обединетите Нации, од каде што најавија официјална истрага и изјава околу случајот.

Во меѓувреме, официјални лица од Саудиска Арабија демантираа дека престолонаследникот Мохамед бин Саламан е одговорен за хакирање на телефонот на Џеф Безос. Од саудиската амбасада во САД, пишувањето на „Гардијан“го нарекоа абсурдно и повикаа да се спроведе истрага за тие тврдења.