Свет 23. мај 2018. / 20:01

Хајко Мас во САД: Европските држави се обединети околу Договорот за иранската нуклеарна програма

Хајко Мас во САД: Европските држави се обединети околу Договорот за иранската нуклеарна програма

Европските земји ќе останат обединети во решителноста да се придржуваат кон Договорот за иранската нуклерана програма од 2015 година, и покрај одлуката на Вашингтон да се повлече од него. Ова го изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во Вашингтон.

Мас рече дека ја разјаснил германската и европската позиција во отворен и конструктивен разговор со претседателскиот советник за национална безбедност Џон Болтон и нагласил дека е важно да се избегне обновување на нуклеарната активност на Иран.

– Европа е многу, многу обединета во ставот за нуклеарниот договор со Иран и тоа нема да се промени, вели Мас.