Самопрогласениот претседател на Венецуела и лидер на опозицијата Хуан Гваидо ја обвини власта за снемувањето електрична енергија во земјата.
-Луѓе умираа по болниците поради тоа што немаше струја. Ова е вистинско зло. Неопходна е смена на власта, рекол тој.
Гваидо не верува дека станува збор за саботажа како што тврди претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
-Сите знаеме дека вистинската причина за лошата состојба на електродистрибутивната мрежа е корупцијата во тоа поле, рекол тој.
Во меѓувреме струјата почнала да се враќа во делови од Венецуела, вклучувајќи ја и престолнината Каракас.